понеделник, 25 ноември 2024

Курти: Србија отиде чекор понатаму во борбата против уставниот и правниот поредок на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја обвини Србија дека оди „чекор понатаму во борбата против уставниот и правниот поредок на Косово“.

Премиерот го изјавил ова откако во автомобил на Косово била пронајдена одредена количина на оружје од Србија.

„Нападот што можеше да биде извршен со тоа оружје укажува на тоа дека Србија отиде чекор понатаму во борбата против уставниот и правниот поредок на Косово“, напиша Курти на Фејсбук.

„Србија е јасно позиционирана за ескалација на ситуацијата. Покрај агресијата што Србија ја презеде врз Република Косово со киднапирањето на тројцата косовски полицајци на наша територија на 14 јуни оваа година, отиде чекор понатаму во борбата против правниот и уставниот поредок на Република Косово со организирање на терористички напади“, напиша Курти на Фејсбук.

Тој додаде дека оружјето што било пронајдено вчера во возилото со белградски регистерски таблички било употребено и во нападот на српските демонстранти врз припадниците на КФОР на 29 мај во Звечан.

„Панорамата на оваа терористичка организација е јасна: автомобили со белградски регистарски таблички, сопственост на Државните железници на Србија. Сето пронајдено оружје е произведено во Србија, вклучително и рачните бомби произведени во 2021 година, кои беа употребени во нападот во Звечан на 29 мај 2023 година против војниците на КФОР“, рече Курти.

Тој рече дека „елеците со натписите на руските и српските единици и логото и идентификациските знаци на организацијата „Северна бригада“, како и експлозивните направи кои претходно ги користеше илегалната формација „Цивилна одбрана“, пронајденото големо количество на оружје говори за големината на планираната акција и за последиците што беа спречени“, рече Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ