вторник, 22 октомври 2024

Курти: Бараме потпис и примена на Бриселскиот и Охридскиот договор во целост

Владата на Косово соопшти дека Бриселскиот договор од февруари и Охридскиот договор од март годинава мора да се применат во целост, без условување и одложување, пренесува Н1.

Објавено на

часот

Сподели

По повеќечасовните состаноци на косовскиот премиер Аљбин Курти со европските функционери во Брисел, Приштина наведе дека Курти бил спремен да потпише договор со Србија, но дека претседателот Александар Вучиќ и овој пат тоа го одбил.

Косовската влада соопшти дека Курти истакнал дека, по нападот во Бањска на 24 септември, за него приоритет е безбедноста на Косово, особено безбедноста на границата со Србија од каде, како што кажал, дошле напаѓачите кои „извршиле терористички и криминален напад“.

Тој од европските функционери и лидери побарал да се казни Србија и да ѝ се воведат санкции, за настани како тој од Бањска да не се случуваат, соопштено е од Приштина.

„На крајот на состанокот Курти кажа: „Прифаќањето подразбира потпис, само потпис подразбира прифаќање и гарантира спроведување“, се наведува во соопштението на косовската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ