среда, 27 ноември 2024

Куп на Македонија: Македонија ЃП, Воска и Гостивар се последните осминафиналисти

Македонија Ѓорче Петров преку пенал рулетот ја елиминираше Беласица во Струмица и избори место во следната рунда од Купот на Македонија, таму ќе биде и Воска која со 2-0 славеше против Башкими, а Гостивар ја оправда улогата на фаворит против Победа и славеше со 3-1.

Објавено на

часот

Сподели

Беласица и Македонија Ѓорче Петров одиграа еден возбудлив натпревар кој во регуларните 90 минтуи заврши без победник со по два гола на двете страни.

Маркоски ги доведе „лавовите“ во водство со кое тимот од Ѓорче замина и на паузата. Со два гола на стартот од вториот дел мреку Митров во 48. минута и Стојанов во 54. минута Беласица успеа да го сврти резултатот.

Да не видиме елиминација на Македонија Ѓорче Петров се погрижи ветеранот Крсте Велковски кој реализираше пенал во 79. минута.

Во пенал рулетот Македонија ЃП даде пет гола, Беласица четири, промаши Милушев.

Воска со 2-0 славеше на гостувањето кај Башкими во меч кој кумановскиот тим беше домаќин во Гостивар поради суспензијата на теренот.

Гостивар пак во Маџари на стадионот „Борис Трајковски“ со 3-1 славеше над Победа.

Покрај Македонија ЃП, Воска и Гостивар, во осминафиналето од македонскиот куп претходно беа пласирани и Тиквеш, Вардар, Пелистер, Шкупи, Шкендија, Брера, Силекс, Струга ТЛ, Арсими, Брегалница, Беса, Шкендија Арачиново и Детонит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ