Одлуката судот ја донел според Законот за меѓународна соработка во кривична материја, соопшти Кривичниотс суд. „Притворот заради екстрадиција се укинува кога ќе се оцени дека престанале причините поради кои е определен или во случај кога во рок од 40 дена не е доставено барање за екстрадиција“.
Според одлуката на судот, Рамадани во куќен притвор во Скопје ќе остане до 16 август. Тогаш судот ќе одлучи дали ќе продолжи со неговата екстрадиција во Србија или ќе го ослободи.
Блерим Рамадани, косовски државјанин и поранешен војник на ОВК, беше уапсен на 17 јули на граничниот премин Јажинце. Неговото апсење уследи по меѓународната потерница издадена од Србија за наводни воени злосторства на Косово во доцните 1990-ти.