недела, 27 октомври 2024

Кривични пријави против тројца полицајци

Поднесена е кривична пријава против тројца полициски службеници, осомничени за нанесување тешка телесна повреда и за малтретирање во вршење на службата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П.Р., Б.П. и К.Г., полициски службеници при СВР Скопје, поради сомневање дека сториле кривично дело тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со кривично дело малтретирање во вршење на службата по член 143 од КЗ“, се појаснува во соопштението.

Пријавените во својство на полициски службеници, при преземање службени дејства над оштетениот А.З. од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката“, се додава во соопштението на МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ