ОВР Струга денеска поднело кривична пријава против 57 годишниот С.П. од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
„Тој, во својство на службено лице вработен во Јавното претпријатие Национални шуми – Јабланица-Струга, ја искористил својата службена положба и незаконски, на управител на едно трговско друштво, му го дал на располагање службениот чекан за жигирање со кој бил лично задолжен“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со тоа, како што појасни, му овозможил нелегално да жигосува дрва, да ги транспортира без соодветна документација, да ги легализира, да ги пушти во промет и да оствари противправна имотна корист.