понеделник, 25 ноември 2024

Кривична пријава за кичевец, чувал автоматски пушки, стотици куршуми, десетици ловни патрони

Основното јавно обвинителство (OJO) Кичево донесе наредба за истрага против едно лице од селото Грешница за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Во простории во сопственост на друго лице, а кои ги користел осомничениот, полицијата извршила претрес и пронашла поголемо количество оружје, делови и компоненти од огнено оружје и муниција – три автоматски пушки, 188 куршуми со калибар за автоматска пушка, една ловна пушка  и 10 ловни патрони, како и една пушка – двоцевка. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, како и можност да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена“, соопшти Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ