среда, 30 октомври 2024

Кривична пријава против трojца полицајци за предизвикување општа опасност

МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против двајца полицајци од Теарце, А.Д. и Д.Д. и против Ј.Б., полицаец од граничниот премин Јажинце. Тројцата се осомничени за  кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

А.Д. на 23 мај и Д.Д. на 24 мај во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано Ѓинов Камен, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани.
А.Д. на 29 февруари и третопријавениот Ј.Б. на 8 март, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на Ѓинов Камен, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и за негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, соопшти МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ