четврток, 24 октомври 2024

Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

Објавено на

часот

Сподели

При извршена контрола од страна на полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекториат за животна средина,  осомничениот бил затекнат како неовластено тргува со отпад на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба за секундарни суровини во населба Радишани, Општина Бутел.

Притоа било утврдено дека лицето не е регистрирано во Централниот регистар. Исто така не поседувал дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува согласно со Законот за управување со отпад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ