„На 25 јули околу полноќ во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, извести МВР.
Кривична пријава против полицаец од Радовиш, со службен пиштол пукал на веселба
МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење сомневање дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Објавено на
часот