петок, 18 октомври 2024

Кристина Агилера вели дека последниве неколку години ѝ биле тешки

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за разделувањето со Џордан Бретман – со кој го има 4-годишниот син Макс – таа рече: „Тоа беше тешка година. Меѓу мојот развод и другите нешта низ кои поминав, се случија многу работи. За секого е тешко јавно да поминува низ тоа. Но кога си славен и си под микроскоп, тоа е 58 милиони пати потешко. По таа тешка година станав дури поголем дебелокожец.“
И покрај критиките за нејзината тежина, Кристина, 31, не им посветува внимание на злите јазици и сака само нејзиниот син да е здрав и среќен, а нејзината љубовна врска е безбедна.
За американската „Мари Клер“ таа изјави: „Сум имала и нагорнини и падови; сум поминала милион работи во овој бизнис. Премногу слаба. Подебела. Ме критикувале и за ова и за тоа. Тоа е врева што јас автоматски ја блокирам. Си го сакам моето тело. Моето момче го сааака моето тело. Мојот син е здрав и среќен и тоа е сè што ме интересира.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ