„Предупредувањето беше испратено автоматски 30 минути пред лансирањето“, рече Песков, пренесоа руските агенции.
Според него, Москва одржува „постојана комуникација“ со САД во врска со нуклеарното оружје.
„Русија изврши напад со балистички ракети со среден дострел на украински воен објект како одговор на неодамнешните украински напади со западно оружје со долг дострел“, рече рускиот претседател Владимир Путин во вчерашното телевизиско обраќање.
„Како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел, руските оружени сили денес извршија комбиниран напад на еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, кажа Путин.