вторник, 22 октомври 2024

Кремљ: На чело на ЕУ ќе бидат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Кремљ денес истакна дека перспективата на односите меѓу Русија и Европската Унија е лоша откако лидерите на земјите членки на Унијата ја номинираа Урсула фон дер Лаен за уште еден мандат на челото на Европската комисија и ја избраа естонската премиерка Каја Калас за висока претставничка за надворешна политика и безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на новинарите им кажа дека одлуката на ЕУ да ја номинира Германката Фон дер Лаен за втор петгодишен мандат ништо нема да смени.

„Госпоѓата Фон дер Лаен не се залага за нормализација на односите меѓу ЕУ и Русија. Таква ја знаеме, таква ја памтиме. Ништо не се менува во таа смисла“, кажа Песков.

Раководството на Европската Унија финансиски и воено му помага на режимот во Киев во борбата против Русија по почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година.

Брисел ѝ воведе огромен број санкции на Москва во обид да ја ослаби руската економија.

Коментирајќи го изборот на естонската премиерка Калас за шефица на дипломатијата на ЕУ, Песков кажа дека таа е позната по антируската реторика.

„Госпоѓа Калас досега не покажа никакви дипломатски квалитети, а на нашата земја ѝ е позната по апсолутно бескомпромисните и отворено противруски ставови“, кажа Песков.

„Затоа не мислиме дека европската дипломатија може на кој било начин да придонесе на нормализација на односите. Перспективата е лоша што се однесува до односите меѓу Москва и Брисел“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ