четврток, 28 ноември 2024

Кремљ: Авионите Ф-16 нема да бидат „волшебна пилула“ за украинските сили

Кремљ соопшти дека Украина нема да добие значителна предност на бојното поле со користење на авионите Ф-16, произведени во Соединетите Американски Држави.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е ветена награда за секој руски војник кој ќе собори авион Ф-16.

Песков оцени дека овие авиони нема да бидат „волшебна пилула“ за украинските сили, пренесува Ројтерс.

Овие авиони ќе се појават и постепено нивниот број ќе се намалува. Ќе бидат соборени и уништени. Испораките на тие авиони нема значително да се одразат на динамиката и случувањата на фронтот, рече Песков.

Првата пратка борбени авиони Ф-16 од НАТО пристигна во Украина, што е долгоочекуван потег што би можел да ја зголеми способноста на нацијата разурната од војна да ги одбрани руските напади, објавија европските медиуми, пренесува Блумберг.

Испораката на борбените авиони на НАТО во Украина се случи повеќе од една година по постигнувањето на договорот.

Американскиот претседател Џо Бајден се спротивстави на испраќање авиони Ф-16 во Украина, но се предомисли во мај минатата година, по повеќекратните молби од претседателот Володимир Зеленски и сојузниците во НАТО да дозволат нивно пренесување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ