понеделник, 28 октомври 2024

Кремљ: Атмосферата создадена од Бајденовата администрација доведе до атентатот врз Трамп

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека не верува оти актуелната американска администрација го организирала атентатот врз Доналд Трамп, но дека „ја создаде соодветната атмосфера околу него што доведе до атентатот“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Воопшто не мислиме и не веруваме дека обидот за елиминирање на претседателскиот кандидат Трамп беше организиран од актуелната влада, но атмосферата што ја создаде оваа администрација за време на политичката борба, атмосферата околу кандидатот Трамп го предизвика она со што се соочува Америка денес“, рече Песков.

Русија ги осудува сите манифестации на насилство за време на политичката борба, рече Песков во врска со атентатот на поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп.

Песков рече дека Москва „сочувствува и посакува брзо закрепнување на сите повредени“ во инцидентот.

Тој рече и дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да му се јави на Трамп по неговиот атентат.

„Колку што знам, нема такви планови“, рече тој, пренесе Интерфакс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ