Новиот британски премиер во интервју за Блумберг сигнализираше дека Украина може да ги користи британските ракети Сторм шедоу за напад на воени цели во Русија и потврди дека ќе ја продолжи политиката на претходната британска влада за употреба на британско оружје со долг дострел во руско-украинската војна.
„Не, сѐ уште не сме ја виделе таа изјава на британскиот премиер, но ако е така, тогаш се разбира дека тоа е уште еден апсолутно неодговорен чекор што води до сериозна ескалација на ситуацијата“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.
На прашањето за ситуацијата на борбените активности во регионот Харков, Песков рече дека сè што се случува сега во насока на Харков е подредено на задачата да се обезбеди безбедноста на Белгород.