недела, 24 ноември 2024

Кремљ: Путин е отворен за разговори

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Путин беше отворен и останува отворен за какви било контакти за да се разговара за можните сценарија за решавање на украинскиот проблем“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Ројтерс, ова е соопштено на денот кога во Киев пристигнала африканската мировна мисија предводена од јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, тие пристигнаа во Киев и треба да разговараат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по што треба да пристигнат во Санкт Петербург и таму да разговараат со Путин.

Агенцијата потсетува дека Кремљ веќе подолго време вели дека е отворен за преговори, истакнувајќи дека Украина мора да ја препознае „новата реалност“ на теренот, односно фактот дека руските сили контролираат околу 18 отсто од украинската територија.

Украинскиот мировен план предвидува повлекување на руските војници од целата територија на земјата, а од Киев велат дека тоа мора да биде услов за какво било завршување на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ