среда, 30 октомври 2024

Кралот на криптовалутите осуден на 25 години за измама: Украл осум милијарди долари

Сем Бенкмен Фрид, кралот на измамите меѓу љубителите на криптовалутите, беше осуден на 25 години затвор во Федералниот суд во Менхетен (Њујорк). Пресудата беше објавена од судијата Луис Каплан.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ова практично значи дека човекот кој на 6 март наполни 32 години, човекот кој беше издигнат на небо и прогласен за гениј, а потоа окарактеризиран како еден од најголемите измамници во американската историја, остатокот од својот живот ќе го помине зад решетки до 57-та година од животот, пренесува Телеграф.

Обвинителството побара од судијата Каплан да го осуди Бенкман на казна од 40 до 50 години со образложение дека Бенкман „украл осум милијарди долари од инвеститорите“.

„Потенцирам – украде, затоа што не беше потег во време на ликвидносна криза, ниту лошо менаџирање на работите, лоша проценка на врвот на компанијата. Тоа не беше само финансиска загуба на хартија“, заклучи обвинителот Николас Рос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ