недела, 20 октомври 2024
200 домаќинства на улицата Солунска живеат како во кафез

Крадци ги нападнаа штипјани и ги оставија без ракија, дрва, злато, па и без влезна врата

Околу 200 домаќинства на штипската улица Солунска живеат како во кафез, во секој двор имаат куче чувар, а дворовите им се оградени со железни огради и мрежа. Тие се постојано мета на крадци и тоа и дење и ноќе. Денеска реагираа и бараа решение од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Објавено на

часот

Сподели

Драги Павловски жител на улицата Солунска вели дека и покрај тоа што имаат преземено низа на мерки за заштита на нивните домови, сепак крадците влегуваат во нивните домови и крадат од дрва за огрев, потоа ракија, злато, покуќнина, а пред неколку дена однеле и влезна врата. 

Во сред пладне, околу 17 часот. Дошле ја извадиле вратата и ја однеле, вели Павловски. 

Трајче Наумов, пак вели дека крадците му ја однеле штотуку сварената ракија. 

„Само што си ја сварив ракијата, околу 60 литра ракија целата ми ја зедоа, па и акумулаторот. На камерата се гледа кој е. Пријавивме во полиција, ми рекоа ништо не можат да направат“, вели Наумов. 

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов предлага полициски службеници да патролираат на 24-часовен пункт, за кривичните дела да се пријавуваат побргу, а со тоа и надлежните полесно да интервенираат.

„Во оваа прилика сакам да апелирам до СВР Штип, до началникот, да излезат на терен, да поразговараат со граѓаните, да ги слушнат нивните секојдневни проблеми, крикот и гласот на народот, затоа што ова се провлекува со години наназад. Тие се небезбедни. Она што можевме да го констатираме е дека тие даваат предлог да има 24-часовен пункт во непосредна близина за да може побрзо да се интервенира, побрзо да се пријавува и на тој начин да се намалат овие последици и оваа тенденција на ограбување и на небезбедност којашто се случува во неколку населени места во нашиот град“, вели Јорданов.

Тој посочува дека досега неколкупати го свикувал  Советот за безбедност на Општина Штип. Досега се останало само на разговари и констатирање на проблемите, но не и нивно решавање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ