„Ајде врховен команданте Стево Пендаровски (уште 60 дена), одговорете што ќе преземете во врска со злоупотребите и уривањето на професионалните стандарди во АРМ.
Како е можно службени инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски марш на СДС? По чија наредба офицери на воениот оркестар поддржуваат партиски настан? Има ли дневници за ангажираните офицери на партискиот собир? Во која друга НАТО држава е дозволена ваква злоупотреба“, пишува во реакцијата на Ковачки објавена на неговиот фејсбук-профил.