среда, 30 октомври 2024
Изјави на премиерот

Ковачевски: Средбата со Мицкоски ќе биде идната година, а Груби е само вицепремиер

На новинарското прашање кога ќе има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, премиерот Димитар Ковачевски одговори: „Идната година, дефинитивно идната година“. За Артан Груби рече: „Тој е само вицепремиер“.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што го видовме од медиумите е дека по 31 декември ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава во однос на тоа кои ќе бидат нивните претставници во техничката влада. СДСМ веќе има таква одлука. Во однос на Владата ќе течат разговори на ниво на коалицијата, на ниво на учесниците во Владата и сите детали ќе се дознаат навремено, односно до 25 јануари“, рече Ковачевски на официјалното отворање на спортската сала „Наум Наумовски – Борче” во Општина Карпош.

Во однос на тоа дека по именувањето на Талат Џафери за премиер на техничката Влада и дека ДУИ ќе има и премиер и прв заменик претседател на Владата, Ковачевски на новинарите им одговори: „Тој е само еден од вицепремиерите“.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ