вторник, 22 октомври 2024

Ковачевски: СДСМ ќе предложи кандидат за претседател

Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ, денеска пред состанокот на ИО на партијата рече дека денеска ќе биде потврдена неговата одлука – координаторот на пратеничката група, Јован Митревски, да седне во фотелјата на Талат Џафери. На прашањето дали би поддржал претседател Албанец од ДУИ, како што вчера најави Османи, премиерот рече дека нема никаква дилема оти кандиндатот за претседател ќе биде од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите политички партии имаат свои амбиции, меѓутоа претседателскиот кандидат ќе биде од СДСМ, како што беше на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци итн. Тоа ќе биде претседалот на државата и во следниот мандат“ , рече премиерот.

Во врска со дилемите околу тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи свои членови во техничката влада, Ковачевски верува дека опозицијата ќе го стори тоа бидејќи така се договориле на лидерската средба.

„Таа е наведена во Законот за влада, во Законот за избори и сметам дека сите политички партии треба да ја испочитуваат својата законска обврска, исто како што е моја законска обврска на сто дена пред изборите да поднесам оставка, што ќе го направам. Исто така е и обврска на сите политички партии да учествуваат во изборниот процес, во спротивно се става една дамка во изборниот процес, без никаква потреба“, рече Ковачевски. 

Тој потсети дека неодамна, како што кажа, имало успешна лидерска средба на која со исклучително широк консензус беше договорен датумот за претседателски избори и датумот за парламентарните избори во редовен термин, а беше поддржано дека ќе имаме техничка влада.

„Значи дека толку краток период пред изборите нема да има промена на Изборниот законик во тој дел и на Законот за Влада, што значи дека сите политички партии треба да учествуваат во изборниот процес така како што е предвиден согласно закон и на крајот да имаме демократски избори, како што имавме во изминатиот период после 2016 година и да добиеме и претседател на држава, и Парламент и се разбира и Влада и Северна Македонија да продолжи во своите евроинтеграции“, рече Ковачевски.    

На вечерашнава седница нема да биде на дневен ред претседателскиот кандидат на СДСМ, но Ковачевски потсети дека на минатата седница е донесена одлука за почнување на постапка и процедура за избор на претседателски кандидат на партијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ