петок, 22 ноември 2024
Нов протест на вработените во културата

Костовски: Потребна е само согласност од министерството за финансии и проблемот со 190 семејства ќе биде решен

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски повтори дека нивното единствено барање е да имаат достоинствени плати.

„Едноставно, не може човек а да не се праша, дали во државата во која владее правото, не треба секој подеднакво да ги ужива своите основни човекови права? Како може видлива група од 190 вработени во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм да биде толку невидлива за надлежните во државата? Зарем егзистенцијалниот проблем на 190 вработени од секторот култура е прашање за кое не може да се најде решение?“, рече Костовски на денешниот протест.

Тој порача дека ќе продолжат со протестирање секој ден, сѐ до исполнување на нивното барање кое, како што рече, се сведува на добивање согласност од Министерството за финансии, со што ќе се овоможи потпишување на колективен договор и конечно ќе се реши проблемот на вработените во секторот култура.

„Едно сакаме да порачаме, отсуството на дијалог и немањето слух за вработените кои се грижат за развојот на културата, за хармонизацијата на политиките на културниот диверзитет, за културната интеграција е вовед во нешто друго. Не прифаќаме молчење и ќе бидеме тука секој ден, сѐ до добивање согласност од Министерството за финансии, со што ќе се овоможи потпишување на колективниот договор и конечно ќе се дојде до решение за вработените во секторот култура“, додаде Костовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ