вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на СДСМ

Костовски: Без оглед на етничката припадност да се обединиме во европски фронт за нова заедничка Влада

„Ги повикуваме сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт. Подаваме рака на проевропските и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика“, рече на прес-конфернеција пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. Во врска со двојното убиство Костовски рече ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат „некрофилски разбирања за политиката“.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ. Европски фронт за подобар, достоинствен живот дома, со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, подобар животен стандард, подобро образование, здравство, социјална сигурност, владеење на право и унапредена демократија. Европски фронт за европски стандарди и европски вредности.

Ги повикуваме сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт. Подаваме рака на проевропските и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика. Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година.

Пред нашата земја и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.  СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно ќе ја формираме следната проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ“, рече Костовски.

Одговарајќи на едно новинарско прашање во врска со двојното убиство Костовски рече дека додека цела Македонија жали, а институциите целосно го расветлија случајот, „ДПМНЕ и Левица сакаа да профитираат врз трагедија и човечките жртви“.

„Очигледно ДПМНЕ и Левица имаат изопачени некрофилски разбирања за политиката, прaшањето е дали има грам човечност во ДПМНЕ и Левица. СДСМ нема воопшто да се меша во ваквото условно кажано користење на политички поени од таквото однесување на ДПМНЕ и Левица. Најмалку што може и што треба да направат ДПМНЕ и Левица е да излезат пред јавноста и да им се извинат на граѓаните и на припадниците на македонската полиција“, рече пратеникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ