четврток, 31 октомври 2024

Косовската претседателка трет пат одбива да ѝ се прегледа багажот на скопскиот аеродром

Вјоса Османи, претседателката на Косово деновиве предизвика сериозни политички реакции и контрареакции и на внатрешен и на билатерален план, oткако на 1 август на скопскиот аеродром одби да ѝ се провери багажот. ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дел од записниците на МВР за слични вакви инциденти од 16 септември и 9 октомври минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

„По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер“, се наведува во записникот од 16 септември 2023 година.

Истата ситуација се повтори и на 9 октомври. Косовската страна тврди дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателката не треба да се проверува. „Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (кој тој ден бил лицето Д.М со матичен број 5785 од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот.

Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на ‘Кроација ерлајнс’, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатено на летот“, се наведува во записникот од 9 октомври лани.

„Тогаш МВР молчело, а СДС и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите. СДС со чаршав соопштенијата си пука во слепоочница.

Има разлика: сега никој не е над законот и обезбедувањето на Гаши има кривична, а во два наврати претходно за време СДС-ДУИ косовската претседателка кршела процедури и протоколи, а МВР молчело“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ