сабота, 26 октомври 2024

Косовската претседателка: Од Србија само Русија е подалеку од членство во НАТО

Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека од Србија само Русија е подалеку од членство во НАТО, и дека Србија не може да биде членка на Северноатлантската алијанса сè додека ги крши главните вредности на западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По повод изјавата на американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил, дека Србија е поблиску до членство во НАТО од Косово, Османи кажа дека секој кој ја смета Србија блиска до НАТО ја навредува не само секоја демократска држава туку и „сите жртви на Србија на Милошевиќ“.

„Постои само една држава која е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е Русија на Путин. Држава како Србија, која константно ги крши главните вредности за кои се залага НАТО, односно заштита од авторитарни сили, заштита од државите кои ги кршат основните правила на меѓународното право, како што е Србија, е далеку од НАТО, но не може да сонува да биде дел од НАТО“, кажа таа.

Според неа Србија, која „негува анти-НАТО вредности“, никогаш не изразила спремност да влезе во НАТО.

„Тоа е единствената држава на Западен Балкан која повеќе пати соопшти дека не сака во НАТО и дека е против НАТО. Трето, Србија е држава која пред неколку месеци изврши акт на агресија на Косово, постојано се обидува одвнатре да ја уништи Босна и Херцеговина, а тоа го правеа и во Црна Гора“, оцени Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ