четврток, 24 октомври 2024

Косовската претседателка: Имаме докази дека наредбата стигнала директно од Вучиќ

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави за Си-ен-ен дека Косово било нападнато. Ја повика меѓународната заедница да ѝ воведе санкции на Србија за да не се повтори анексија по примерот на Крим. Османи разговараше со новинарката Кристијане Аманпур еден ден откако интервју даде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Османи не ги коментираше барањата на Белград за формирање Заедница на српски општини. Кажа дека Косово нема потврда за повлекување на војската на Србија од административната линија. „Работиме заедно со сојузниците на добивање потврда за повлекувањето. Многу е важно да се истакне дека Косово се соочува со досега невиден безбедносен предизвик, односно агресија“, оцени таа.

„Имавме јасен акт на агресија од соседот. Го спроведоа паравоени формации. Таа агресија е подготвувана, со цел анексија по примерот на Крим“, кажа Османи, додавајќи дека Косово со сојузниците успеало да го спречи спроведувањето на српскиот план. Ја обвини Србија дека планира дополнително да го дестабилизира Косово за да му овозможи на рускиот претседател Владимир Путин да отвори нов фронт во Европа.

„Нема да го дозволиме тоа. Треба тој обид да се сопре со санкционирање на Србија. Ако нема санкции, Србија ќе биде охрабрена да продолжи со насилството, и тоа не само кон Косово туку и кон другите во регионот“, смета Османи. Тврди дека Приштина има докази кои ја потврдуваат поврзаноста на Србија со настаните во Бањска.

„Имаме јасни видео докази за обуката во Србија, во организација на српската војска. Оружјето кое го запленивме не е оружје кое може да го добијат обични граѓани, туку само војска“, кажа таа. Османи побара Белград да го екстрадира Милан Радоичиќ и останатите кои учествувале во судирот во Бањска.

Најави дека Косово ќе објави докази за „директна наредба која дошла од Вучиќ“.

На прашањето дали Приштина ќе ја формира Заедницата на српски општини, на што инсистира Западот, Османи повтори дека Косово е нападнато.

„Во дијалогот постои само една конструктивна страна, а тоа е Косово, кое исполни 99 отсто од своите обврски“, оцени Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ