петок, 18 октомври 2024

Косовската полиција чека наредба за повлекување од северот

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата навела дека ќе се држи до дефинираниот план за ублажување на ситуацијата на северот.

Од полицијата навеле дека „имаат доволен број луѓе да ја осигураат безбедноста на граѓаните  на северот и истовремено да ја надгледуваат ситуацијата долж премините со Србија“.

Владата на Косово соопшти синоќа дека е спремна да придонесе на деескалација на ситуацијата на северот, со моментално намалување на присуството на полицијата во и околу општинските згради за 25 отсто.

„Полицијата заедно со Еулекс и Кфор ќе ја процени безбедносната полиција по потреба, а особено можноста за понатамошно намалување на полицијата во и околу општинските згради“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ