Министерството за одбрана на Србија соопшти претходно дека група тешко вооружени косовски полицајци неовластени ја преминале административната линија во селото Чирковиќ во општината Лепосавиќ и ја обвини владата на премиерот Аљбин Курти за „обид за предизвикување инцидент и кршење на договорот“.
Косовската полиција наведе дека тврдењата во соопштението на министерството за одбрана на Србија „се невистинити и неодржливи“.
„Со самото тоа, овие објави и соопштението објавено на овој начин претставуваат дезинформација со цел да се создаде несигурност кај граѓаните на таа област и да се наруши угледот на работата на полицијата на Косово“, се наведува во реакцијата на косовската полиција. Министерството за одбрана на Србија со тврдење дека „неовластеното преминување на административната линија“ меѓу Косово и централна Србија е „опасна провокација и закана за мирот“, наведе дека војската на Србија ја следи состојбата на терени е спремна да реагира.
Косово и Србија имаат линија на разделување долга околу 350 километри и преку 60 отсто од оваа линија ги опфаќа општините на северот на Косово, каде живеат Срби.
Мисијата на НАТО на Косово Кфор е одговорна за безбедноста на административната линија меѓу Косово и Србија, додека косовската полиција е одговорна за другите граници.