среда, 23 октомври 2024

Косовската амбасада во Скопје ангажира правни експерти за ослободување на Рамадани

По сите дипломатски канали ќе обезбедиме ослободување на косовскиот државјанин и поранешен припадник на ОВК, Бљерим Рамадани, кому Кривичниот суд – Скопје му одреди едномесечен екстрадициски притвор, откако МВР го уапси по српска потерница, соопшти Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово.

Објавено на

часот

Сподели

„Амбасадата на Косово во Скопје е ангажирана со тим од правни експерти за што побрзо ослободување на Рамадани и негово враќање на семејството“, се наведува во соопштението на косовското МНР.

Рамадани беше приведен завчера на граничниот премин Јажинце, врз основа на потерница издадена од судот во Белград, преку Интерпол Србија, под обвинение за воени злосторства во 1999 година на подрачјето на Неродимље.

Рамадани да биде испорачан во Србија, очекува министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Често се случува некоја земја некого да уапси, но да не го испорача. Ако некој навистина сака да се бори против воени злосторства, ако постојат документирани обвиненија, тогаш се разбира дека очекуваме да бидат екстрадирани и да одговараат. Овде станува збор за киднапирања, убиства“, изјави Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ