недела, 20 октомври 2024

Косово: Над 53 повредени во судирите на граѓаните и Кфор, едно лице во критична состојба

Објавено на

часот

Сподели

Во судирите се користени солзавец и шок-бомби, додека демонстрантите возвратиле со камења, шишиња и други предмети.

„Над 53 лица имаат различни повреди од шок бомби, солзавец и удари, три се задржани во болница, а едно лице е животно загрозени и има прострелни рани“, кажа директорот на Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица Златан Елек.

Порталот Коссев наведува дека е опериран повредениот кој е животно загрозен.

„Лекарите се борат за неговиот живот во одделот за интензивна нега. Тој има две прострелни рани, една во пределот на левата половина на карлицата, а друга во пределот на левата рака“, кажа Елек.

Меѓу повредените е и еден српски политичар.

Османи: Нелагални српски структури ги нападнаа полицијата, Кфор и граѓаните

Претседателката на Косово Вјоса Османи кажа дека „нелегални српски структури“, претворени во криминални банди, ги нападнале косовските полицајци, припадниците на Кфор и новинари.

„Сите треба да ги осудат овие неприфатливи акти на насилство. Оние кои ги спроведуваат наредбите на српскиот претседател Александар Вучиќ за да го дестабилизира северот на Косово, мора да бидат изведени пред правда“, кажа Османи.

„Косовската полиција користела боева муниција“

Државниот секретар во министерството за одбрана на Србија Немања Старовиќ кажа дека двајца Срби се ранети од огнено оружје за време на хаосот во Звечан и дека косовската полиција користела боева муниција.

„Бандитите од полицијата на таканаречено Косово пукале со боева муниција, демонстранти се повредени, а еден е во критична состојба“, наведе Старовиќ.

Ла Република: Повредени се 41 припадник на Кфор, 11 се Италијанци

Италијанскиот весник Ла Република објави дека се повредени 41 припадник на Кфор, од кои 11 Италијанци.

Министерот за надворешни работи на Италија Антонио Тајани напиша на Твитер дека три италијански војници се тешко повредени во судирите со српските демонстранти. Наведе дека не се животно загрозени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ