петок, 18 октомври 2024

Косово купи турски дронови кои украинската војска ги користи против Русите

Објавено на

часот

Сподели

Дроновите „бајрактар“ станаа светски препознатливи по тоа што украинската војска ги користеше против руските сили. „Косово сега е уште побезбедно и секогаш гордо“, кажа Курти додавајќи дека неговата влада во последните две години го зголемила бројот на војници за 80 отсто и буџетот за одбрана за над 100 отсто.

Косово формира војска кога би требало да има 5.000 регуларни војници и 3.000 резервни. НАТО во земјата со 1,8 милиони жители има 4.500 војници. Во изминатите месеци Приштина се соочи со најжестоките етнички протести на северот, каде живеат 50.000 мнозински Срби.

Проблемите избија во мај откако нелегитимните албански градоначалници на северот се обидоа да ја преземат должноста по изборите кои ги бојкотираа локалните Срби, со помош на специјалци на косовската полиција.

Косово сака да се придружи на НАТО, но четири членки на западниот воен пакт не ја признаваат неговата еднострано прогласена независност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ