сабота, 19 октомври 2024

Косово доби визна либерализација со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Новите правила на сопствениците на пасошите кои ги издаваат приштинските власти ќе им овозможат да влегуваат во ЕУ без виза на период од 90 дена во кој било период од 180 дена, а би требало да почне да се применува од 2024 година.

По усвојувањето во Европскиот парламент, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и објавена во службениот весник на Европската Унија.

Укинувањето на визите за граѓаните на Косово кои патуваат во ЕУ го предложи Европската комисија во декември, врз основа на проценката дека Приштина постигнала значителен напредок во сите области на патот за либерализација на визниот режим.

Изземањето на визите стапува на сила кога ќе се воспостави Европскиот систем за информации и авторизација на патувањата (ЕТИАС), до почетокот на следната година.

Утре ќе биде одржана церемонијата на потпишување на правниот акт на која ќе учествуваат претставници на Европскиот парламент и Советот на министри на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ