понеделник, 18 ноември 2024

Кошаркарите ја почнаа мисијата „Литванија“

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за престојниот двомеч против Литванија од квалификациите за Евробаскетот.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на 21 ноември во СРЦ Кале ја пречекува Литванија, а три дена подоцна гостуваме на истата селекција во Клаипеда.

„Ова се најважните два натпревара во овој квалификациски циклус. За да ги задржиме шансите за пласман на Европското првенство, мора да победиме барем на еден од овие дуели. Литванија е фаворит, тоа е една од најсилните европски репрезентации. Очекувам мечот во Скопје да биде тест за нашата подготвеност. Притисокот е на страната на Литванците, особено по неочекуваниот пораз од Естонија. Тие ќе направат сè да победат во двата дуели бидејќи за нив е незамисливо да пропуштат Европско првенство“, изјави селекторот Александар Јончевски.

Селекторот Александар Јончевски објави список од 16 кошаркари. Во составот не е Ти Џеј Шортс кој не доби дозвола од Париз. Ненад Димитријевиќ нема дозвола од Милано за првиот меч против Литванија бидејќи има натпревар од Евролигата, но тој би можел да игра на реваншот против Литванија.

Дополнителен повик доби Андреј Магдевски, а на списокот е и Итан Хап, но неговиот настап е неизвесен поради тоа што се враќа од повреда.

Список на Македонија за престојните мечеви со Литванија: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски (МЗТ Скопје), Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски (Работнички), Страхил Николов (ТФТ), Бобан Стајиќ (Пелистер), Кристијан Николов (Џеди Осман академи,Турција), Адем Мекиќ (Бора,Косово), Лејсон Зеќири (Башкими, Косово), Итан Хап (Валенсија,Шпанија), Ненад Димитријевиќ (Олимпија Милано, Италија).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ