петок, 18 октомври 2024

Копродукцијата „Едвард Втори“ со бугарско учество ќе има премиера во Охрид

Објавено на

часот

Сподели

Претставата е копродукција на Драмски театар – Пловдив и театарот „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ од Велес. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот „Охридско лето“ и се реализира со поддршка на БГКИЦ и на Министерство за култура на Македонија.

Соработката меѓу двата театри опфаќа две копродукции.

Двегодишниот проект вклучува создавање на две претстави – под режисерската палка на Андриј Жолдак, Украина – „Едвард Втори“, и изведба на Дијана Добрева, Бугарија. Двете театарски претстави ќе бидат изведени на сцените на двата театри и ќе бидат придружени со работилници на кои ќе учествуваат студенти од Универзитетот „Европа Прима“, информираат од Драмскиот театар во Пловдив.

Претставата „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу опфаќа повеќе различни теми. Главната насока е приказната за Едвард Втори, а потоа следува „Ричард Втори“ од Шекспир. Темите за кои се разговара се односот меѓу таткото и синот, во отсуство на мајката, а потоа мотивите на моќта и луксузот, па оттука и прекумерното уживање, енергијата на младите и нивната директност. Ликот на Едвард Втори го игра бугарскиот актер Борис Крстев.

„Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот на превласт, меѓу мажот и жената, а во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа ќе се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки реални ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите, кои се вистински луѓе, а преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година“, вели Андриј Жолдак.

Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години, велат од БГКИЦ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ