среда, 30 октомври 2024

Копенхаген воведе програма за поттикнување социјално и еколошки одговорен туризам

Националниот туристички одбор на Копенхаген воведе програма за поттикнување на општествено и еколошки одговорен туризам.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Копенхаген на овој начин се чини дека се обидува да привлече само туристи кои се пристојни и добро воспитани, пишува Гардијан.

Весникот наведува дека ќе бидат наградени оние кои ќе одлучат да возат велосипед, да користат јавен превоз, да учествуваат во некоја работа како градинарство или собирање ѓубре на пристаништа или во градските паркови.

Оние кои носат свои шолји за кафе за повеќекратна употреба може да очекуваат бесплатен пијалак на одредени места, додека други поволности за добро однесување вклучуваат бесплатен коктел во бар или дополнително време поминато во комплексот на скијачки патеки во градот.

Ааро Хансен од Туристичката организација на Копенхаген рече дека целта е патувањето да се направи поодржливо.

„Сакаме посетителите да носат посвесни, климатски прифатливи одлуки и на тој начин се надеваме дека ќе имаат покорисно искуство од патувањето“, рече Хансен.

Според него, намерата е туризмот наместо да биде товар на животната средина, да се трансформира во сила на позитивни промени.

Хансен вели дека програмата, со прифаќање на елементите на таканаречената економија на искуства, ќе поттикне повеќе позитивни средби меѓу туристите и локалните жители.

Многу градови во светот се соочуваат со проблеми поради големиот број туристи, меѓу кои и Барселона, поради што на неодамнешен протест на локалните жители туристи биле прскани со водени пиштоли.

Туристите кои ја посетуваат Венеција на еден ден треба да платат нов дневен данок од 5 евра, додека туристите во Дубровник од неодамна беа повикани да избегнуваат да ги тркалаат куферите поради вревата што ја прават додека се движат по калдрмите.

Мајорка, Ибица и другите Балеарски острови воведоа строги ограничувања за консумирање алкохол, а другите популарни туристички дестинации експериментираат со низа различни мерки за контрола на бројот на посетители – од влезници до воведување заштитени зони каде што може да влезат ограничен број посетители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ