вторник, 22 октомври 2024

Конечно прочитано обвинението на Додик, тој одговори дека ништо не разбира

Со читање на обвинението во Судот на Босна и Херцеговина денес беше одржано рочиште на судењето на претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред да биде прочитано обвинението, одбраната на Додик побара изземање на судијата Сена Узуновиќ поради, како што беше наведено, пристрасност, објавија сараевските медиуми.

Судијката Узуновиќ објасни дека предлогот за нејзино изземање ќе ѝ биде упатен на претседателката на Судот на БиХ и дека на седница на Судскиот совет ќе се разгледа тој предлог.

Судијката потсети дека главниот претрес е одложуван четири пати, со што, како што оцени, дошло до повреда на правото на одбрана, бидејќи на обвинетиот не му биле прочитани причините поради кои е обвинет.

Потоа побарала од обвинителите да го прочитаат обвинението.

За време на читањето на обвинението публиката почнала да дофрла, поради што судијката наредила да се испразни судницата и да се постави параван кој ја одвоил судницата од публиката.

Додик на главниот претрес повтори дека станува збор за политички процес против него, и дека судијката Узуновиќ не ги почитува процедурите.

„Невозможно е овој суд да нема никој друг освен Бошњаци да судат на овој предмет. Вие влеговте тука, а ја не знам ни кои сте, а ова ми изгледа како заседа“, кажа Додик во судницата.

На прашањето на судијката дали го разбрал обвинението, Додик кажа дека ништо од тоа не разбрал.

„Станува збор за факти кои немаат врска со мене. Ова е еден циркус на обвинителството поради политичкиот притисок“, кажа Додик, кој е обвинет за неизвршување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Следното рочиште е закажано за 6 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ