вторник, 22 октомври 2024

Концерт на Камерниот оркестар на Битола во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Камерниот оркестар на Битола го подготви проектот „MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits“, кој за прв пат беше изведен во Центар за култура- Битола на 14 септември, а картите за концеротот беа распродадени за само три часа. Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80-те и 90-те оживеаа на сцената благодарејќи на Камерниот оркестар на Битола пренесувајќи ја магијата на тие времиња. 

к

Со преку 100 учесници, вклучувајќи 10 изведувачи (домашни и странски), оркестар во полн состав, поп рок хор,   балетски играчи при Национална опера и балет, присутните имаа можност да уживаат во најголемите хитови на безвременските Тина Тарнер,  Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Шер, Аеросмит, Рики Мартин, Алана Мајлс, Чака Кан, Мадона и многу други. 

л

„Секогаш сум пресреќна кога се случуваат културни настани во земјава, а посебно ме радува интересот на нашите граѓани за она што имаат да го покажат нашите изведувачи. И овој концерт е потврда за квалитетот на нашите артисти и негувањето на културата на нашето тло. Се надевам дека и во иднина, како и досега Камерен оркестар на Битола ќе доживува огромни успеси во државата, но и надвор од границите“, потенцираше министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по завршување на концертот.  

о

Концертот на Камерниот оркестар на Битола беше проследен со огромни овации од страна на присутните.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ