вторник, 22 октомври 2024

Комората на извршители да го испита случајот со извршителката Јакимовска, бара Министерството за правда

Министерството за правда побара од  Комората на извршители  да го испита случајот поврзан со новинарот Фуркан Салиу кој беше нападнат од кичевската извршителка Весна јакимовска и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.

Објавено на

часот

Сподели

„Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство. Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување“, велат од Министерството за правда.

Новинарот Фурхан Салиу вчера објави дека е повреден откако физички бил нападнат од извршителката Весна Јакимовска во тек на извршна постапка во Кичeво, каде тој со своја екипа на ПорталиИкс бил за да постави новинарски прашања во врска со бројни поплаки од граѓани на адреса на оваa извршителка. Салиу нападот го пријавил во полиција. Здружението на новинари и Самостојниот сидникат на новинарите ја осудија ваквата реакција на извршителката, потсетувајќи дека напад врз новинар е кривично дело. Со соопштение се јави и Јавното обвинителство.

Извршителката Весна Јакимовска нападнала и полицаец во полициската станица во Кичево додека била на распит за физичкиот напад врз Салиу и екипата на ПорталиХ.

Поради ова, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор за осомничената извршителка Весна Јакимовска, која, според обвинителството, во текот на целиот настан продолжувала да се заканува „поради што јасно постои опасност од повторување на делото“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ