петок, 18 октомври 2024
По прес-конференцијата на градоначалникот на Кисела Вода

Комични изјави даде Ѓорѓиевски штитејќи ја политичката банда на која припаѓа, реплицира Комуналец

Објавено на

часот

Сподели

„Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање на функционирањето на институциите.

Имено, за два дена во Скопје се собрани 1.130 тони отпад кој беше наталожен поради дводневната блокада на КХС, која имаше за цел да изврши притисок врз раководството на претпријатието за задржување на семејни кланови кои одработуваат за интересите на политичката банда на која овој градоначалник припаѓа.

Што се однесува на прашањето, зошто 11 месеци се чекало за да се изречат решенија за отказ, еве една кратка лекција: За разлика од бандитското однесување на кое сме сведоци три децении во институциите, ние спроведовме детална анализа како и ревизија пред да ги донесеме овие
решенија. Поднесени се и кривични пријави, и испочитувана е цела постапка со цел во иднина овие луѓе да не можат повторно да наштетуваат на претпријатието и граѓаните на град Скопје.

Жалиме што мораме да констатираме, но, овој пат се преигравте“, се вели во реакцијата од претпријатието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ