„Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да дадe понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола“, се вели во објавата од Комерцијална банка.
Најголем акционер во Стопанска Битола е Пелистерка со 16,99 отсто од акциите.
Стопсанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции.
На последното тргување на редовниот пазар една акција на Стопанска банка Битола се продавала по цена од 3.080,43 денари за акција, што значи дека нејзината последна пазарна капитализација е 19,6 милиони евра.