среда, 23 октомври 2024

Колумбија забрани борби со бикови

Колумбискиот претседател Густаво Петро потпиша закон за забрана на борбите со бикови во таа јужноамериканска земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да му кажеме на светот дека убивањето на живи и свесни суштества заради забава е култура“, рече Петро вчера на церемонијата на која присуствуваа стотици активисти за правата на животните во арената за борби со бикови во Богота.

Тој додаде дека уништувањето на природата би значело крај на човештвото. „Природата има права кои се независни од нас и овие права мора да се почитуваат“, рече тој.

Арената за борби со бикови ќе стане сцена за „култура, спорт и живот, а не смрт“, рече претседателот.

Земјата сега има рок од три години да ги претвори арените во центри на културата и уметноста. Матадорите, работниците кои заработуваат борејќи се со бикови, ќе треба да се преквалификуваат, рече Петро.

Законот наречен „Нема повеќе оле“ – оле, навивање што се користи за време на борбите со бикови – беше усвоен од Конгресот со историска одлука на крајот на мај.

Борбите со бикови се традиција во Колумбија уште од шпанскиот колонијален период. Активистите за права на животните постојано протестираа против нив во последните години.

Колумбија беше една од осумте земји што дозволуваа борби со бикови како легална активност, заедно со Шпанија, Португалија, Франција, Еквадор, Мексико, Перу и Венецуела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ