четврток, 18 јули 2024

Кој ќе нарача модел на Ферари денес, ќе го добие во 2026

Купувачите кои можат да си дозволат нов автомобил со значка со кренатото коњче ќе мора да бидат трпеливи. Во разговор со новинарите по објавувањето на деловните резултати во третиот квартал, извршниот директор на Ферари кажа дека книгите со нарачки се многу добро пополнети.

Објавено на

часот

Сподели

Бенедето Биња напомена дека побарувачката е толку голема што италијанската спортска марка има доволно нарачки да ја покрие целата 2025. Тоа всушност значи дека новите нарачки нема да бидат реализирани пред 2026 година.

Годината која привршува досега била одлична за Ферари, имајќи предвид дека испораките заклучно со септември пораснале за 524 возила на 10.418 автомобили, што претставува зголемување од 5,3 отсто во споредба со првите девет месеци од 2022.

Тоа е импресивно достигнување имајќи предвид дека моделот пуросанг уште беше на почетокот на продажбата, така што производството на кросоверот не го достинал полниот капацитет. Треба да се истакне и дека производството на овој модел ќе биде ограничено на најмногу 20 отсто од вкупното годишно производство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ