недела, 14 јули 2024

Кога ќе дојде на власт, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе преговара за договорот за автопатиштата, вели Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека планот на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е да го репреговара овој договор и да го направи како што треба псо цел да се избегнат огромните пенали за кои луѓето од власта не воделе сметка на време.

„Можно е во светот на бизнисот на два начина да завршите договор. Едниот е договорот да го прекинете и да плаќате пенали, а овдека сигурно ќе плаќаме огромни пенали затоа што според истиот тој договор којшто не е демантиран од страна на Владата, одговорен суд е судот во Париз според правилата Меѓународната трговска организација на кој што ќе се применува законодавството на Англија и на Велс. Еден сосема поинаков тип на законодавство, споредено со македонското законодавство каде што државата е во подредена положба. Тоа е едната опција, да го раскинеме договорот, да немаме автопати и државата да плаќа пенали. Вториот е тоа што ќе го наследиме да го направиме како што треба. Јас лично ќе се занимавам како инженер и посебно сум загрижен зашто се потврдија сите мои стравувања. И од вчера практично видовме дупчалки со кои се отпочнуваат геолошките истражни работи. Тие што се инженери знаат што зборувам. Без истражни работи, без геологија вие немате проект, а како ќе правите нешто за коешто веќе е добиен аванс 200 милиони или колку и да беа“ истакна Мицкоски.

Тој додаде дека овој е проект што многу загрижува бидејќи се потврдија сите стравувања, па затоа со компанијата и со стратешките пријатели треба да се седне, да се испреговара нешто што ќе биде заеднички интерес, а пред се интерес на граѓаните.

„Јас би сакал овој пристап да го видам на паралелно проектирањеи изведба и баш би сакал да видам кога ќе дојде редот да се прават виадуктите и тунелите кога ќе треба истрагите да покажат дека тој паралелен начин на таа секција не може технички да биде изведен, па кога ќе треба сето ова  паралелно на друг начин да се прави, но и тука си се заштитиле од компанијата. Јас немам ништо против компанијата, таа си ги заштитила нејзините интереси, но имам против овие во владата што не ги заштитиле нашите интереси. И тука си се заштитиле. Велат и грешките во проектирањето ќе си ги плаќате. Така што тоа е проект кој што многу ме загрижува и проект на кој што ќе треба да му се посвети многу внимание. Инаку историјата покажува дека и во Романија дека се репроектирал и дека поевтинел и до 30% потоа тој проект со тоа репреговарање итн. Така што не е невозможно и нејќам и тука да ми кажат, е тоа ви е најдобриот предлог. Не, не е најдобар. Може да се преговара и да се репреговара и ако навистина сакаат од компанијата да бидат пријатели и ако навистина нашите стратешки пријатели се стратешки пријатели на оваа земја ќе ни помогнат заедно да седнеме, да испреговараме нешто што ќе биде заеднички интерес, а пред сѐ интерес на граѓаните“, потенцираше Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ