четврток, 24 октомври 2024

Кочанчанка објавила лични податоци на фејсбук ѝ ги украле за да подгнат брзи кредити

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи  донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

Како што соопшти МВР во дневниот билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се  како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

„Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со  јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување“, наведува Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ