„Судскиот совет е тело од исклучително значење за гарантирање на независноста и професионалноста на работењето на судиите, а сé со цел да им се овозможи на граѓаните да имаат фер и правично судење пред независен и непристрасен суд. Дополнително, начинот на работата на Судскиот совет влијае на зголемување на довербата на граѓаните во судскиот систем“, велат од коалицијата „Сите за правично судење“.
Вчера судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев и се очекува на наредната седница да се прифатат.