петок, 18 октомври 2024

Клинтон: Глигоров беше лидер со визија

Објавено на

часот

Сподели

Хилари Клинтон

Ова се вели во писмената изјава на американската државна секретарка Хилари Клинтон, во која таа изразува длабоко жалење за смртта на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров.

„Длабоко бев растажена кога дознав за смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија. Тој беше патриот и вистински државник. Неговата посветеност на независноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-1991, а неговото стабилно лидерство даваше инспирација додека Македонија минуваше огромни тешкотии. Претседателот Глигоров им беше пријател на САД и лидер што имаше визија за својата земја, која сѐ уште служи како спример за регионот. Моите мисли и молитви се со неговото семејство и со граѓаните на Македонија“, напиша Хилари Клинтон во писмената изјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ