сабота, 23 ноември 2024

Кинески дипломат изјави дека Украина и сличните земји немаат доказ за суверенитет

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали Крим е дел од Украина или не, кинескиот амбасадор Лу Шаје во петокот изјави за француската телевизија дека Крим е дел од Русија и дека поранешниот советски лидер Никита Хрушчов и го понудил на Украина. „Земјите од поранешниот СССР немаат вистински статус во меѓународното право, бидејќи не постои меѓународен договор со кој се материјализира нивниот суверен статус“, додаде Шаје.

Франција одговори во неделата изразувајќи „целосна солидарност“ со сите погодени сојузнички земји за кои рече дека ја стекнале својата независност „по децении угнетување“.

„Конкретно, Украина беше меѓународно признаена во нејзините граници, вклучувајќи го и Крим, во 1991 година. Таа беше признаена од целата меѓународна заедница, вклучително и Кина“, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот додаде дека официјален Пекинг ќе мора да разјасни дали овие коментари го одразуваат ставот на целата земја или не. Трите балтички држави, кои беа дел од Советскиот Сојуз, реагираа на ист начин како и Франција. Кинеското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ