четврток, 24 октомври 2024

Кина врши притисок врз претставници на Македонија, БиХ и четири други држави да не го посетат Тајван

Кинески дипломати вршат притисок врз пратеници на најмалку шест држави, меѓу кои се Македонија и Босна и Херцеговина, да не присуствуваат на самит кој ќе се одржи на Тајван.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Политичари во Боливија, Колумбија, Словачка, БиХ и Македонија и на уште една азиска држава изјавиле за Асошиејтед прес дека добиваат пораки, повици и итни барања за состаноци со цел да ги одвратат од патувањето во Тајван.

Самитот почнува во понеделник и го одржува Интерпарламентарната алијанса за Кина, група пратеници од 35 држави загрижени поради тоа како демократиите му пристапуваат на Пекинг.

Асошиејтед прес разговарал со организаторите и тројца пратеници и имал увид во текстови и мејлови кои кинески дипломати ги испраќале во кои ги прашуваат пратениците дали планираат да учествуваат на собирот.

„Јас сум Ву, од кинеската амбасада. Слушнавме дека сте добиле повик од ИПАК, дали ќе присуствувате на конференцијата која ќе се одржи следната недела на Тајван“, гласела пораката испратена до Антонио Милошоски, пратеник во македонскиот парламент.

„Му испратија директна порака на претседателот на мојата партија да ме спречи да патувам на Тајван“, кажала Санела Клариќ, пратеничка во парламентот на БиХ.

Клариќ кажала дека пораката на претседателот на партија гласела „ќе ти советувам да не одиш, но не можам да те спречам, мораш сама да донесеш одлука“ и додала дека „го мрази чувството кога некој се обидува да ја заплаши“.

Кина рутински им се заканува со одмазда на политичарите и земјите кои му даваат поддршка на Тајван, одметнатиот остров кој има само неформални односи со повеќето земји.

Ни кинеското ни тајванското министерство за надворешни работи не одговориле на барањето на АП за коментар во врска со пораките кои идните учесници на самитот ги добиле во изминатите денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ