сабота, 23 ноември 2024

Кина сака да создаде мрежа од 26.000 интернет-сателити во ниската Земјина орбита

Кина сака да создаде мрежа од 26.000 интернет-сателити во ниската Земјина орбита, која ќе ја покрива целата планета и ќе се натпреварува со сателитите Старлинк на американската компанија Спејсекс, пренесува јапонската медиумска компанија Никеи.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во 2021 година Пекинг ја создаде државната компанија Чајна сателајт нетворк груп (China Satellite Network Group), позната и како Сатнет, која треба да создаде мрежа од 13.000 интернет-сателити.

Според кинеските медиуми, Сатнет ќе лансира околу 1.300 сателити, или 10 отсто од планираниот број, од првата половина на 2024 до 2029 година.

Кина планира до 2030 година да стане суперсила во истражувањето на вселената на ниво на Соединетите Американски Држави и планира да изгради сопствена вселенска станица и да ја истражува планетата Марс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ